Почетна / Живот / Радњански се ожени со правнуката на Питу Гули!

Радњански се ожени со правнуката на Питу Гули!

По двегодишната врска со својата избраничка Марија, Јован се реши да стапне на лудиот камен. Откако двојката се вери уште минатата година во септември, свадбената церемонија се одржа дури деновиве во еден хотел во Кавадарци – родниот град на Јован, додека венчавката се случи една недела претходно во црквата Св. Богородица во Крушево.

 

Инаку сопругата на Јован, Марија е правнука на илинденецот Питу Гули, која е родена, и до пред две години живееше во Перт – Австралија. Марија е ликовен уметник и има дипломирано фини уметности на престижен универзитет во Австралија, а исто така зад себе има неколку самостојни изложби. На забавата која се одржа по повод венчавката присуствуваа многу политичари меѓу кои и градоначалникот и советот на Кавадарци како и колеги од естрадата. За забавниот дел се погрижија групата Биоритам, КУД Тиквеш, Наташа Малинкова, а како изненадување на вечерта беа фолкорниот ансамбл и играорци кои изведоа неколку минутен сплет на македонски ора.

 

Невестинскиот фустан беше специјално дизајниран од светски познатиот дизајнер Maggie Sottero кој за оваа пригода беше специјално донесен од САД ,чевлите беа од „Benjamin Adams“ додека велот од „Oscar De La Renta“ со кристали Swarovski. Јован носеше костим од Карл Лагерфелд што го набави од Солун, додека за венчавката во Крушево, Марија носеше креација од Вера Ванг, а Јован – Келвин Клаин.

За неколку месеци двојката се сели во Австралија каде Јован ќе продолжи со магистерски студии по меѓународни односи, а исто така веќе се закажани и настапи во македонски клубови.

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!