Почетна / Серии / Теленовели / Нова турска серија наскоро на Сител телевизија

Нова турска серија наскоро на Сител телевизија

 

Сител наскоро на своите гледачи ќе им понуди уште една турска серија во својата прајм-тајм програма. Серијата е наречена „Заклетва“, а многу повеќе за нејзината содржина дознаваме во синопсисот подолу.

 

 

Синопсис:

Една заклетва дадена на братот го сменила животот на Мендерес врзувајќи го во брак со жена која не ја сака. Тој му ветил на својот брат Кетал, кој бил на умирање, дека ќе се ожени со Асуман која била бремена од Кетал само за да ја зачува неговата чест. Мендерес ја исполнил заклетвата дадена на братот и се оженил со Асуман, која понатаму забременила и од Мендерес. Но, Мендерес не можел да го прифати таквиот живот иако неговото семејство било среќно поради таа венчавка.

Поради тоа решил малку да се оттргне, отишол во Истанбул да студира каде ја запознал убавата и богата Лејла. Лејла и Мендерес вистински се вљубиле еден во друг, иако тој не сакал да и го открие неговиот вистински идентитет и минато. Поминуваат неколку години. Мендерес живее двоен живот, одејќи и во куќата на Асуман и децата, а живеејќи и во куќата со Лејла. За сите животот ќе се смени откако ќе се дознае тајната на Мендерес. Тогаш Лејла дознава дека е бремена од Мендерес и во голем очај и разочарување, ќе се омажи со Чихан, посвоениот син на нејзиниот татко со кого ќе започнат и нејзините страдања.

Улоги: Serhan Yavaş, Tuba Ünsal, Zeyno Ustinisik, Yucel Erten, Bans Yalcin, Zeynep Irgat…

 

 

 

 

Даниела Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете со каква убавица е женет актерот од „Фамилијата Реј“

Аргентинскиот актер Мишел Браун стекна светска слава благодарение на улогата на еден од браќата во …