Почетна / Серии / МТВ 1 со ноќна реприза на мистериозната британска драма „Џек Тејлор“

МТВ 1 со ноќна реприза на мистериозната британска драма „Џек Тејлор“

На местото на “The fall”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза и на уште еден психолошки трилер. Британската серија “Џек Тејлор” е во режија на Стјуарт Орм, а во главните улоги ќе ги гледаме Иан Глен, Френк О’ Саливен, Кен Филдс. Се работи за ирска мистериозна драма, базирана на новелите на Кен Бруен, а снимана во Ирска и Германија.

Низ деветте продолженија од засега трите сезони, го следиме непоправливиот Џек Тејлор, кој е отпуштен од Ирската државна полиција поради свирепост над државниот министер. Тој станува приватен детектив, а Ана Хенеси го најмува да ја открие вистината за наводното самоубиство на нејзината ќерка- тинејџер. Како што го истражува случајот, тој доаѓа до шокирачки сознанија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply