Почетна / Филм / „Зона Замфирова“ без Зоне, актерката не потпиша!

„Зона Замфирова“ без Зоне, актерката не потпиша!

 

Познатата српска актерка, Катарина Радивојевиќ, се наоѓа во дилема околу прифаќањето на улогата за убавата Зоне, во продолжението на филмот „Зона Замфирова“. Режисерот Југ Радивојевиќ потврди дека сеуште се чека на одговорот на актерката.

 

 

34-годишната актерка не се појавила ниту на поставувањето камен темелник на Зона град, кој ќе биде изграден во близина на Власинското езеро. Еве што изјави режисерот во врска со ова: „Ние сакавме целата актерска екипа да остане иста, секако со воведување на нови ликови. Милан Гутовиќ ќе го игра попот Божо, Милена Васиќ циганката Вера, а Милан Васиќ ќе се појави како Митанче, најдобриот пријател на Мане.”

Продолжението ќе се снима на Власина, а познатиот филмски режисер додаде: „Попрецизни информации околу тоа кој ќе игра во продолжението на приказната за Зона и Мане ќе се знаат по завршувањето на кастингот во септември. Актерите кои беа на поставувањето на камен темелникот сигурно ќе играат во продолжението.“

Што се однесува до ангажманот на Драган Николиќ, во продолжението на еден од најпопуларните филмови од новата кинематографија во Србија, познато е дека тој е заинтересиран и се очекува да го потпише договорот.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни филмови за викенд на Алфа, на ред се „Hunted“ и “Damage”

Ако од понеделник до петок по централните вести следите политички дебати на Алфа, за време …