Почетна / МК Сцена / Дуото ДНК импресионираше во Хавана

Дуото ДНК импресионираше во Хавана

 

РнБ дуото ДНК изминатиот викенд докажа дека на публиката во Скопје и недостигаат живи клупски свирки, за максимално опуштање и забава до раните утрински часови. Клубот Хавана во саботата беше премал да ги собере обожавателите на ДНК и почитувачите на нивната музика дојдени да ги слушнат песните од албумот Срце во живо.

 

 

Сите 16 песни од албумот Панчо и Андреј ги изведоа во еден здив со својата публика која синхронизирано, во ритамот на музиката се забавуваше пеејќи и играјќи, не оставајќи ги ДНК и нивниот бенд да заминат од сцената.

– Чувството да се биде на бина и да ве гледаме вас со каква енергија ги пеете нашите нумери е неописливо. Ви благодариме што сте секогаш тука, ви благодариме за максималната поддршка. Сите песни од нашето Срце се за вас- им се обратија ДНК на публиката.

После свирката во Хавана, ДНК продолжуваат со настапи во клубовите низ Македонија. Веќе за сабота (15ти февруари) е закажан нивен  настап во Шкорпиус – Тетово, каде на тамошната публика исто така ќе и бидат промовирани песните од албумот Срце.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!