Почетна / Забава / Дино Мерлин ќе донира средства за Детската клиника во Скопје

Дино Мерлин ќе донира средства за Детската клиника во Скопје

 

Еден од најпопуларните пејачи во регионот, Дино Мерлин, во пресрет на концертот којшто ќе се одржи на 28. март во Скопје, вчера одржа прес-конференција за медиумите во која тој кажа дека Македонија е надалеку позната по тоа што ја негува добрата музика.

– „Кога доаѓам во Македонија, знам дека ова е земја на музикален народ и оти е земја која на тоа поле направи голем напредок“.

 

 

Се потсети на тоа дека веќе 4 години не го посетил Скопје напоменувајќи дека градот од тогаш се променил многу.

– „Одушевен сум од новиот аеродром. Во Скопје се изградени нови згради за тоа се зборуваше доста по медиумите и кај нас и сакав со свои очи да го видам римејкот на Скопје“, рече Мерлин додавајќи дека му се допаѓа новиот изглед на македонската престолнинна.

Дел од парите од концертот пејачот ќе ги донира во Детската клиника во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …