Почетна / Телевизија / Величествениот доаѓа во Македонија!

Величествениот доаѓа во Македонија!

 

На почетокот мислев дека се работи за некој вид на шега. Но не било шега. Авалон Продукција со години не можеше да им ја исполни желбата на тинејџерите и да ја донесе нивната омилена музичка група “Ангели”, но затоа сега може да го донесе Султанот Сулејман.

Имено, тие на нивниот официјален Фејсбук профил напишаа дека сакале да им ја исполнат желбата на илјадниците во Македонија, и оти нивниот следен голем проект гласи: Величествениот доаѓа во Македонија! Сеуште не е објавено кога и каде ќе се случи средбата, но дадоа надеж дека тие информации ќе бидат откриени веќе следната недела.

И со него ли ќе се разминувам во скопските кафулиња? Па барем и харемот нека го поведе со себе…
 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …