Почетна / Телевизија / Предлог за одземање на дозволата – згаснува ли уште една телевизија?

Предлог за одземање на дозволата – згаснува ли уште една телевизија?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги изврши редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување врз ТВ Едо.

Со надзорот беше констатирано дека радиодифузерот не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Имајќи го предвид констатираното прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевииско емитување (Пречистен текст бр. 01-3953/1 од 31.10.2023 година), а согласно член 82 став 1 алинеја 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, според кој Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување пред истекот на рокот за којшто е издадена и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на радиодифузери, по претходно доставено писмено известување, доколку по издавањето на дозволата настанат околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста, согласно одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се дава следната предлог мерка:
– директорот на Агенцијата да достави предлог до Советот за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското радио дифузно друштво ТВ-ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни и за ТВ 21 и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на …

error: Содржината е заштитена!