Почетна / Сапуници / Во август завршуваат маратонските сапуници на Канал 5

Во август завршуваат маратонските сапуници на Канал 5

Овој август доаѓа крајот на маратонските турски серии кои се емитуваат неколку години на Канал 5. По скоро 4 години емитување, завршува “За семејството”, потресната младешка драма која започна есента 2021 година.

По повеќе од две години емитување и над 550 емитувани продолженија, овој август доаѓа крајот и за маратонската дневна сапуница “Крваво цвеќе”.

Покрај овие две серии, во најжешките денови, ќе се збогуваме и со Хира и Орхун од вечерната сапуница “Грешници”, чии последни епизоди се емитуваат од 19 часот.

По завршетокот на овие три сапунски драми кои несомнено се сметаат за најдолго емитувани серии во историјата на македонските телевизии, ќе следува и крај на трилер драмата “Последното лето”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизијата на Жељко Јоксимовиќ откупи светска теленовела

И додека македонските телевизии останаа на ниво од 1998-ма година со народни приказни, политички дебати …

error: Содржината е заштитена!