Почетна / МК Сцена / Виртуозите Илија Мицев и Тодор Ушитков со ново музичко дело „Тајм“

Виртуозите Илија Мицев и Тодор Ушитков со ново музичко дело „Тајм“

Македонската музичка ризница од денеска е побогата за уште едно инструментално дело во изведба на Илија Мицев и Тодор Ушитков од Дакапо Бенд.
„Тајм“ на Илија и Тодор е уникатна инструментална фузија што ги спојува богатите ритми на Балканот со слободата на џезот и боите на светската музика. Овој проект е креиран со страст и прецизност – каде секој тон раскажува приказна, а секој ритам повикува на движење.

Голема актерска екипа и танчари ја красат екранизацијата на „Тајм“, а меѓу нив има и популарни фудбалери.
Популарните и успешни македонски фудбалери Александар Вареловски – Брзи и Александар Мишов од „Тиквеш“ како јаготка на шлагот ја надополнуваат младата актерска екипа сочинета од танчарите: Сара Мицова, Елена Накова, Драгица Јосифова, Бисера Манева и Мила Кимова, фудбалерите: Илија Мукаетов, Никола Костоски, Зоран Мантев, Марјан Митрев, Ангел Исаков, Марија Мишева, како и статистите: Матеј Мицов, Стефанија Тасева, Илија Коцев, Ангела Велкова, Никола Тасев, Јасмина Ѓорѓиева, Теа Костова.

„Тајм“ на Илија и Тодор не е само музика – тоа е чувство кое ќе ве однесе низ различни култури, емоции и пејзажи – без да го напуштите местото каде што сте.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!