Почетна / Серии / Српската државна ТВ со атрактивна летна понуда на странски серии

Српската државна ТВ со атрактивна летна понуда на странски серии

Српската национална телевизија – РТС за своите гледачи ова лето подготви пакет на странски серии кои ќе го задржат вниманието на оние кои ги следат тие содржини преку националниот сервис во соседството.

Па така, по успешното прикажување на светската хит вестерн серија “Јелоустоун” изминатава сезона, за летово, РТС подготви неколку други странски серии.

Секоја недела во 22 часот ќе се емитува мистериозната американска драма “Paradise lost” со популарниот глумец Џош Хартнет, a од продуцентот на “Фарго”, српските гледачи ќе ја следат драмата “Reprisal”.

За љубителите на серии кои не се од англиско говорно подрачје, РТС обезбеди права за

  • финската мистерија “Bordertown/Sorjonen”
  • португалската новела “Ouro verde”
  • нови сезони од италијанската сапуница “Женски рај”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оливија“ пак на Телма – наместо премиера, реприза во прајмтајм

Пет години по завршувањето на нејзината лична голгота, Оливија успава да го среди својот живот. …

error: Содржината е заштитена!