Почетна / Серии / „Снајперист“, нова американска серија во познатиот ноќен термин

„Снајперист“, нова американска серија во познатиот ноќен термин

Во терминот на американски серии, секоја вечер, од понеделник до петок на полноќ се емитува акционата серија “Shooter”, снимена во 31 епизоди.

Боб Ли Свагер е бивш снајперист од морнаричката линија, кој сега е повикан од Исак, неговиот поранешен капетан и дел од американската тајна служба, за да изврши безбедносни работи пред посетата на претседателот на Сиетл.

Неговата работа е да ги извидува местата за можни снајперски гнезда поради веродостојна закана. Сепак, тој не е во можност да го спречи истрелот; украинскиот претседател е убиен. Надин, посрамотена агентка на ФБИ, го апси. Чекајќи обвинение, Боб Ли мора да остане жив во федералниот затвор, додека заговорниците се обидуваат да го убијат.

За време на еден од тие неуспешни обиди, Боб Ли успева да избега. Тој се заколнува дека ќе го прави она што најдобро го знае: да ги лови непријателите и овој пат да не погреши.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хумор и забава во летниот ситком „Летеркени“ на Прва Скопска

Време за многу смеа… и многу забава. Канадска хумористична серија со 58 номинации и добитничка …

error: Содржината е заштитена!