Почетна / Серии / Серијата „Алба” од Нетфликс сега ексклузивно и на ТВ Телма

Серијата „Алба” од Нетфликс сега ексклузивно и на ТВ Телма

Младата Алба, студентка со иднина пред себе, се враќа во својот роден град за време на летниот одмор, со мислата дека ќе помине неколку безгрижни денови со своето момче Бруно.

Но, ноќта на нивното пристигнување се претвора во кошмар – Алба се буди на плажата, претепана и без сеќавање, забрзо дознавајќи дека е жртва на групно силување.

Најстрашното од сè е сознанието дека напаѓачите се пријателите на Бруно.

Додека градот ја суди и ја изолира, Алба мора да најде сила да ја изговори својата вистина и да се соочи со моќните семејства кои се подготвени да направат сè за да ја замолчат.

Но, нејзината борба станува симбол на отпор и потрага по правда, во општество кое честопати ги обвинува жртвите, а не сторителите.

Шпанска серија во 13 продолженија во 22.15 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!