Почетна / Сапуници / Семејната потресна драма за „Децата од улицата” во 19:45 часот

Семејната потресна драма за „Децата од улицата” во 19:45 часот

Од понеделник до петок – Децата од улицата, серија за невините, обесправените и беспомошните. Серија за децата кои ќе се борат за корка леб, препуштени сами на себе и на виорот на улиците.

Мерџан, Али, Зипкин и Сабин наоѓаат бебе во контејнер и поради мајчинскиот инстинкт на Мерџан, одлучуваат да се грижат за него и да го израснат заедно со нив.

Чатал, лошиот човек за кого се принудени да работат, го забележува бебето, па децата во одбрана го повредуваат Чатал и затоа се пронудени да избегаат далеку.

Бебето е всушност исфрлено во ѓубриштето од страна на Чатал а по наредба на некој член од вистинското семејство на бебето. Ако се открие вистината сега дека детето преживеало, тоа ќе значи повторен обид да се убие бебето.

Затоа, сега тоа бебе ќе стане дел од оваа нова фамилија која го пронајде и кои ѝ го дадоа името Ѓулајше. За Ѓулајше започнува нов живот покрај новото семејство кое ѝ даде сѐ што улицата им одзеде. Љубов, грижа и поддршка.

Тие ја прегрнаа со целата нивна снага, велејќи ѝ: Од овој момент сме заедно, не се плаши, ние сме тука за тебе и секогаш ќе бидеме со тебе. Но, години подоцна, нивниот живот се менува кога минатото ќе затропа на вратата.

Следува момент на вистината, следува болна борба на Ѓулајше да ја дознае вистината за нејзиното потекло и да се соочи со едно големо и моќно корумпирано семејство.

Трогателна семејна драма за децата, кои растат без бајки, но со илјада спомени врежани во очите. Од понеделник до петок по Дневник 1 следува најновата драмска серија за “Децата од улицата”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две вечерни домашни сапуници во новата ТВ сезона во Србија

И во новата сезона, Прва телевизија (Србија) продолжува со премиерни епизоди од нивната маратонска ТВ …

error: Содржината е заштитена!