Почетна / Филм / Саботна вечер на МРТ 1 со симпатична британска историска романса

Саботна вечер на МРТ 1 со симпатична британска историска романса

Филм, заснован на големиот светски бестселер кој доминираше на сите главни книжевни топ листи и беше една од најчитаните и најпродаваните книги во деценијата.

На британскиот остров Џерси, за време на Втората светска војна, беше основано друштво со интересно и симпатично име – Гернзиско друштво за книжевност и пита од лушпи од компири.

Успешната лондонска писателка Џулиет Ештон, која моментално бара нова тема за својата книга, сосема неочекувано се запознава со основањето и активностите на тоа необично друштво.

Повеќето од овие луѓе зедоа книга за прв пат токму за време на војната, но она што го најдоа во книгите беше многу повеќе од зборови – тие најдоа животна сила, инспирација, утеха, знаење дека сè може да се види и изрази на поинаков начин.

Сабота (7 јуни), 20.45 часот, МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела на Телма – документарен филм за холокаустот и Евреите

Three Minutes: A Lengthening – документарен филм од 2022 година, режиран од Бианка Стигтер кој …

error: Содржината е заштитена!