Почетна / Серии / Реприза по реприза – британската истрага „Баптист” пак на Телма

Реприза по реприза – британската истрага „Баптист” пак на Телма

По операцијата на туморот на мозокот, Жулиен Батист тврди дека не е човекот каков што некогаш бил. Неговиот поранешен шеф го убедува да и помогне на холандската полиција да бара исчезната 15-годишна поробена сексуална работничка во Амстердам. Додека ја бара, го запознава Едвард Стратон, вујкото на исчезнатото девојче кој се обидува да ја најде…

Наскоро откриваме дека ништо не е како што изгледа на почетокот и дека реалноста е повеќеслојна, а вистината е многу покомплицирана, посурова и понеизвесна.

Тензична серија со Чеки Карјо во главната улога. Од 21 мај 2025 година, репризно на Телма во 23.40 часот на местото на репризираната канадска процедурал серија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарната серија ,,Острови – лаборатории на природата” на МРТ 1

Од понеделник до петок во 12.00 часот на МРТ1 гледајте ја документарната серија ,,Острови – …

error: Содржината е заштитена!