Од сабота, 20 септември од 21:15 часот, се враќа форматот „Ѕвезде Гранда“ на националните фреквенции во Србија, Црна Гора, Босна и Македонија.
Жири во изменет состав, ново студио, нови таленти и сето тоа под водечката палка на Ана Севиќ, Милан Митровиќ и Војо Недељковиќ. Сабота навечер останува термин за телевизиска забава со познатите поп и фолк рефрени од екс ју естрадата.
Покрај Гранд, тука е и музичкото шоу на ветераните – „Никад није касно“. Новата сезона на ова популарно музичко натпреварување започнува на 21 септември (недела) во 21:15 часот.
Веднаш по “ННК”, како и досега, така и во новата сезона, ќе го гледаме и „Ѕвезде Гранда специјал“ во кое ќе можете да уживате со Весна Милановиќ, Синиша Медиќ, нивните гости и многу добра музика.
Дани | ТВ Пакет