Почетна / Серии / Британската политичка трилер серија „Нуклеарна подморница“ на Телма

Британската политичка трилер серија „Нуклеарна подморница“ на Телма

“Vigil” е британска криминалистичка и политичка драма произведена од BBC One.

Кога еден морнар е пронајден мртов на британската нуклеарна подморница HMS Vigil, надвор од шкотските води, детективката инспекторка Ејми Силва (Suranne Jones) е испратена на подморницата за да го истражи случајот.

Иако војската инсистира дека станува збор за несреќа, Силва наскоро открива дека има многу повеќе во приказната – тајни, прикривања и политички интриги поврзани со британската нуклеарна одбрана и геополитика што се протегаат далеку надвор од подморницата.

Во меѓувреме, нејзината колешка и поранешна партнерка DS Кирстен Лонгакр (Rose Leslie) води паралелна истрага на копно, откривајќи заговори кои вклучуваат државна безбедност, активистички групи и странски влијанија.

Серијата комбинира криминалистичка мистерија, психолошка драма и политички трилер, и доби голема пофалба за атмосферата, сценариото и актерските изведби.

Номинирана е за 2 БАФТА награди, a на Телма ќе ја следите од четврток (22 мај) во 20.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!