Почетна / Забава / Евровизија / По Бугарија, и Романија одлучи: Се враќаме на Евровизија со цела ЕУ

По Бугарија, и Романија одлучи: Се враќаме на Евровизија со цела ЕУ

По враќањето на Бугарија, одборот на директори на TVR денес гласал Романија да се врати на Евровизија 2026 во Виена откако ги пропушти последните два натпревари. Во извештајот се вели:

„Предложив продолжување на учеството на Романија на Евровизискиот натпревар бидејќи, во двете години отсуство, имавме време подобро да разбереме што не функционираше во односот помеѓу TVR, музичката индустрија и креаторите. Разбрав што треба да промениме од наша страна за да имаме поконкурентен процес на селекција и шоу соодветно на обемот на натпреварот, со цел постојано да го зголемуваме квалитетот на нашето присуство во финалната фаза.

Бидејќи учеството на Евровизија е тимска работа, поминавме многу време усогласувајќи ги очекувањата и напорите на сите што мора да соработуваат за Романија да има најдобра можна репрезентација. На крај, но не и најмалку важно, го цениме разбирањето што го покажа Европската радиодифузна унија, која ја прилагоди својата покана до Романската телевизија да се врати на натпреварот, земајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува нашата институција. Тоа е израз на вистински интерес за присуството на Романија на овој глобален телевизиски настан“, рече Дан-Кристијан Туртурица, претседател и генерален директор на SRTv.

“Со денешната одлука, TVR ја потврдува својата посветеност на поддршката на романските уметници, искористувањето на креативниот потенцијал на нашата музичка индустрија и промоцијата на Романија на една од најпрестижните сцени во светот”-додаде претседателот-генерален директор.

Со ова се докажува дека ЕБУ имала интерес повеќе земји да учествуваат и затоа и им помогнала на некои да се вратат, но МРТ и покрај интересот на публиката и понудата на Боби Андонов за 2026, нема најавенo учество, туку само директен пренос на МРТ 1 и МРТ 2.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како Македонија може да учи за Евровизија од Црна Гора ?

Црна Гора со популација од 600 илјади жители докажува како и со толку мала музичка …

error: Содржината е заштитена!