Летните програмски шеми на бугарските телевизии изобилуваат со нови и премиерни серии – нешто што е реткост да се види на македонска телевизија во лето.
Зошто за време на летните месеци како да застанува времето и нашите телевизии не ги изненадуваат своите гледачи со нешто поинакво, свежо, летно и поразлично?
За пример, ќе ги земеме бугарските телевизии како бТВ, Нова, Диема фемили и бТВ Стори кои во ек на најголемите летни горештини, за своите гледачи нудат најнови странски серии, покрај вечерните домашни лиценцирани формати.
Па така, на bTV премиерно започнувааат нова либанска сапуница, нова грчка сапуница, а на вториот канал наменет за женската публика – низа од најнови турски серии и мексикански прајмтајм серии.
Слична е ситуацијата и на бугарската Нова телевизија. Вечерните часови таму се резервирани за неколку премиерни американски серии како Квантен скок, Магнум, Реј Донован, НЦИС Лос Анџелес и НЦИС Хаваи, додека пак на вториот канал – цел прајмтајм е со најнови турски серии.
Кај нас ситуацијата е сосема поинаква. Па така, на Алфа телевизија не ни може да видите било каква странска серија во текот на денот или вечерта, на Телма во прајмтајм се емитува реприза од емитувана серија, на ТВ 24 исто така нема никаква странска нова серија.
И те како имаме што да учиме од Бугарите за да ги стасаме можеби еден ден. Телеизиите во Бугарија може рамо до рамо да се носат со европските и светските телевизии, а македонските … се уште остануваат заглавени во годините кога главна телевизиска програма се политички емисии и естрадни студиски емисии.
Дани | ТВ Пакет