Најстариот македонски детски фестивал “Златно славејче” оваа година прослави 55 години јубилеј и се одржа во МНТ на 15 и 22 ноември.

Водителка оваа година беше Марија Јанчевска, која е поранешно ‘славејче‘. И годинава се испејаа 15 нови детски песни, а дојдоа и гости од Србија, Црна Гора, Австрија, Романија, Бугарија и Албанија. Целиот фестивал беше во духот на прославата на јубилејот.
Лани водител беше Сашко Коцев, кој поради претходно договорено снимање надвор од Македонија не е во можност да води и годинава.

Фестивалот Златно славејче е основан во ноември 1970 од неколкумина членови на Советот за грижа и воспитување на децата на Град Скопје: композиторот Александар Џамбазов, кој беше уметнички директор на фестивалот, поетот Васил Пујовски и Благоја Јордановски, кој во тоа време бил секретар на Советот. Славејче е најстариот детски музички фестивал на Балканот и втор најстар во Европа. Првото издание насловено „Бираме златен глас“ се одржа на 23 мај 1971 во Драмскиот театар во Скопје. Биле испеани 25 детски песни, а меѓу учесниците биле и Игор Џамбазов и Благој Маротов.

Откако се затвори Универзална сала, каде што редовно пееја „славејчињата“, фестивалот се одржуваше најчесто во салата „Борис Трајковски“ и во Филхармонијата.
Премиерно на Канал 5, на првото јануарско утро ќе го проследиме телевизиското издание на последното издание од Златно славејче. Детски песнички за добро утро во новата година.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
