Филмот „Елвис“, во режија на Баз Лурман, ја раскажува животната приказна на легендарниот музичар Елвис Присли низ призмата на неговиот комплексен и контроверзен однос со менаџерот, полковникот Том Паркер.

Нарацијата ја следи неговата неверојатна трансформација – од скромно момче од југот на САД до глобална музичка икона што ја промени поп-културата засекогаш.

Во фокусот се подемот до славата, огромниот притисок на индустријата, влијанието на афроамериканската музика врз неговиот стил, како и личните борби што го следат успехот. Филмот истовремено е и интимен портрет и визуелно спектакуларна хроника за цената на славата и борбата за идентитет на „Кралот на рокенролот“.

Премиерно на Телма, прв филм во новата година. Веднаш по завршеток на новогодишната телевизиска прослава во 01 часот следува “Елвис”.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
