Почетна / Сапуници / Нова руска љубовна мелодрама во 22 часот на МТМ телевизија

Нова руска љубовна мелодрама во 22 часот на МТМ телевизија

Дејството започнува во 1916 година, кога Надја Перегудова се согласува да се омажи за богатиот Евгениј, но нејзиното внимание го привлекува и новиот дојденец во местото, Влас.

За да ја прослават нивната свршувачка, Евгениј ѝ дава на Надја комплет обетки и брош. Речиси еден век подоцна, брошот завршува во рацете на Лиза, правнуката на Влас Макридин. Нејзиниот чичко се сомнева дека е дел од богатство за кое слушнал како дете.

Лиза се вљубува во Никита Перегудов, наследник на Перегудови, но неговата мајка која се враќа во Русија застанува против таа врска затоа што девојката доаѓа од семејството со кое се смртно скарани. Лиза Макридин и Никита Перегудов се обидуваат да ги откријат корените на несреќите на нивните семејства истражувајќи ја историјата на долгогодишната караница меѓу нивните крвни линии.

Но, многу семејни тајни ќе се попречат на патот на таа среќа, а серијата паралелно ќе ги прати денешните настани и настаните од пред еден век, односно љубовната приказна на Лиза и Никита, и на онаа на неговата прабаба Надја и нејзиниот прадедо Влас.

Од понеделник до петок во 22 часот на Прва скопска МТМ телевизија – Љубовно гнездо.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубов и мистерии во новата вечерна драма на Прва Скопска ТВ

Нова детективска мелодрама од понеделник до петок на МТМ (Прва скопска) телевизија во 22 часот. …

error: Содржината е заштитена!