Норвешка серија базирана на неверојатната вистинска приказна за напорите на норвешката престолонаследничка Марта да ѝ помогне на својата земја во нејзиниот најтежок период во модерната историја – Втората светска војна.

По брзото бегство од нацистите, таа беше принудена да се раздели од сопругот и да го премине Атлантскиот Океан во потрага по засолниште во Соединетите Американски Држави. Таму, набргу се најде вклучена во однос со најмоќниот човек на светот – претседателот на САД, Френклин Д. Рузвелт.

Престолонаследничката сфаќа дека може да влијае врз светската политика и излегува од својот претерано заштитен начин на живот. Низ големи искушенија и предизвици, таа се развива и станува невидлива, но значајна личност на моќ зад сцената на политичкиот живот во Вашингтон.

“Преминување преку Атлантикот” е инспиративна приказна за будење, трансформација, ослободување и личен раст. Приказна за војна и љубов.

Серијата премиерно беше емитувана на ТВ 24 пред 3 години, а сега репризно на Телма и тоа од вторник, 20 јануари 2026 на Телма во 20.30 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
