Почетна / Серии / За летниот распуст, нинџа желките се враќаат на МРТ 1

За летниот распуст, нинџа желките се враќаат на МРТ 1

Се сеќавате на популарните Нинџа желки од вашето детство? Четворицата браќа Леонардо, Донатело, Рафаело и Микеланџело, борците против злото во Њујорк и хероите подготвени да се соочат со сите опасности кои демнеат надвор од канализациониот свет.

Храбриот Леонардо е водичот на желките со синиот појас, остроумниот Донатело е најпаметната желка со виолетовиот појас кој е вљубен во Ејприл, агресивниот Рафаело е најсилната желка со црвен појас и авантуристот Микеланџело, љубителот на пица, видеоигри и шеги, носи портокалов појас. Нивни најголеми пријатели се Сребрениот Стржар, Ејнџел, Дањо, секако стаорецот Сплинтер и многу други, додека пак најголеми непријатели им се ного нинџите.

Македонската телевизија започнува со емитување на новата цртана верзија за популарните стрип ликови, надсинхронизирана на македонски јазик.

 Насловната нумера “Teenage Mutant Ninja Turtles” ја изведуваат Sebastian Evans II и Stanley Martinez.

Серијата ќе се емитува ова лето од пон до петок во 11 часот на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данска крими серија по трет пат ќе се емитува на Телма телевизија

Премиерно емитувана на Телма во 2023 година. Кон крајот на 2024 репризирана и тоа во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!