Почетна / Забава / Евровизија / МРТ во преговори за Евровизија 2027 и организација на детската Евровизија

МРТ во преговори за Евровизија 2027 и организација на детската Евровизија

Според последниот извештај од 20-тата седница на Програмскиот Совет на МРТ одржана на 11 декември, претседателот Давор Пашоски ги информирал останатите членови за неговото учество на 95-то Генерално Собрание на ЕБУ во Женева, каде разговарал со претседателот на ЕБУ, Ноел Куран при што го информирал за активностите околу новата стратегија и законодавната иницијатива коишто биле поздравени од негова страна, а воедно истакнал дека ЕБУ ќе обезбеди експертска и стручна поддршка во овие процеси. Дополнително, ја прифатил поканата следната година да ја посети МРТ и земјата.

Претседателот продолжил со информациите околу учеството на 95-то Генерално собрание на ЕБУ во Женева и истакнал дека во разговорите со претставниците на ЕБУ било потенцирано дека со особено задоволство ја очекуваат Македонија повторно да биде дел од сцената на Евровизија во 2027 година, при што била истакната подготвеност да се обезбеди соодветна техничка и организациска поддршка за реализација на тоа учество.

Во таа смисла, тој потенцираше дека е важно навремено и систематски да се пристапи кон подготовките за следната година со цел нашата земја успешно да се претстави на ова значајно музичко случување. Дополнително, МРТ во моментов води преговори со ЕБУ во врска со можноста за организација на Детскиот Евросонг 2027, што би било голема можност за промоција на земјата и за охрабрување на младите музички таленти.

На Генералното собрание биле усвоени новите правила за гласање на Евровизија 2026 година, чија цел е дополнително да се зајакнат правичноста, транспарентноста и довербата во натпреварот. Со овие измени се потврдува дека Евровизија ќе продолжи да биде платформа посветена на музиката, креативноста и европското единство, со јасни стандарди кои обезбедуваат нејзина неутралност и независност од политички влијанија.

По нивното усвојување, не се продолжило со постапка за одлучување во однос на учеството на Израел.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија гордо се враќа на јубилејното евровизиско издание

Бугарија ќе учествува на престижниот Евровизиски натпревар, кој ќе го прослави своето 70-то издание во …

error: Содржината е заштитена!