Почетна / Забава / Евровизија / МРТ објави дека ќе учествува на детската Евровизија и во 2026-та

МРТ објави дека ќе учествува на детската Евровизија и во 2026-та

МРТ со објавувањето на Годишната програма за 2026, е првата земја која објави дека Македонија ќе учествува на Јуниорската Евровизија која се уште не се знае каде ќе се одржи бидејќи се уште не е одржана Јунироската Евровизија во 20205 во Тбилиси, Грузија. Според објаснувањето за програмата на МРТ 5 стои:

“Јуниорскиот Евросонг (Junior Eurovision Song Contest – JESC) претставува една од најзначајните  манифестации за промоција на детскиот талент, креативност и културна размена. Како членка на Европската радиодифузна унија (EBU), Македонската радио телевизија со своето учество во ова натпреварување активно ја позиционира земјата на европската медиумска и културна сцена. Преку JESC, младите таленти добиваат уникатна можност да настапат на голема меѓународна сцена, пред милионска публика, да работат со врвни професионалци и да ги претстават своите уметнички способности. JESC има значајна улога и во развојот на домашната музичка индустрија за деца: поттикнува оригинално создавање песни, современи сценски концепти, мултимедијални продукции и меѓународна соработка. Дополнително, манифестацијата има голем промотивен потенцијал преку традиционалните медиуми, дигиталните платформи и социјалните мрежи, обезбедувајќи видливост за земјата и младите уметници.

Со континуираното учество на МРТ на Јуниорскиот Евросонг, се гради и трајна едукативна платформа, преку која децата учат за тимска работа, сценска дисциплина, културна разноликост и медиумска одговорност. Оваа манифестација е многу повеќе од натпревар — таа е инвестиција во младите генерации и нивниот културен и уметнички развој. Останува нејасно зошто истово не важи и за главната Евровизија во Виена во 2026 година, особено откако Боби Андонов  оранешен претставник на Македонија на јуниорската Евровизија се понуди да ја претставува Македонија во Виена преку финансиска поддршка.

Зошто исто така не и се дава ист третман на македонската забавна музика како што и се дава на детската музика, а посебно што резултатите последниве години се со многу лоши пласмани. Македонија четврта година по ред нема да учествува на главната Евровизија, а свое враќање направи лани Црна Гора и Бугарија и Романија решија да се вратат на натпреварот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како Македонија може да учи за Евровизија од Црна Гора ?

Црна Гора со популација од 600 илјади жители докажува како и со толку мала музичка …

error: Содржината е заштитена!