– По десет незаборавни години поминати како член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, дојде време да се збогуваме со нашата Мара, нашата Марија Шерифовиќ – стои во официјалното соопштение од Гранд продукција.
По тој повод се огласи и поп пејачката, која смета дека дошло време за крај на ова поглавје од нејзиниот живот и кариера :
-“Сите овие години беа многу повеќе од работа. Беше одлично, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, расправии, надежи и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и ме потсетија зошто музиката има моќ да менува животи. Низ сите овие сезони, пораснав и како уметник и како личност. Имав среќа да ја научам оваа работа од најдобрите. Од мојот Салет, кој сигурно би се расправал со мене денес. Ви благодарам за шансата да бидам дел од ова небо. Беше чест, режисере!
Ви благодарам на сите вас што ми верувавте, што ме слушавте и понекогаш издржавте, ви благодарам што верувавте дека моите зборови имаат смисла. Ви благодарам на кандидатите што донесоа толку многу убави моменти во мојот живот и ме потсетија што значи да се бориш за својот сон. На новиот режисер, како и на целиот тим што ја создава оваа претстава, му посакувам многу среќа и уште многу успешни сезони! Сепак, на крајот на краиштата, моето срце е полно кога знам дека се разделивме со искрени прегратки, како пријатели и колеги кои им помогнаа на многу луѓе да ги остварат своите соништа.“
Но, веста за заминувањето на Шерифовиќ од жешките столчиња на Гранд, ја следи уште една вест за нејзин колега од жирито. Имено, сега и Драган Стојковиќ Босанац го напушта Гранд и преоѓа во конкурентскиот формат на Пинк.
За местата на Шерифовиќ и Босанац, продукцијата Гранд подготвува нови звучни имиња како што се Дара Бубамара и Ќеба.
Новата сезона од талент шоуто се очекува да започне на есен, а како дел од жирито и во таа сезона ќе ги гледаме Цеца, Ана Бекута и Вики.
Дани | ТВ Пакет