Почетна / МК Сцена / Македонската филхармонија гостуваше во Солун со „Кармина Бурана“

Македонската филхармонија гостуваше во Солун со „Кармина Бурана“

На 30 јуни (понеделник), оркестарот на Македонската филхармонија гостуваше во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.

Диригент беше Михалис Иконому од Грција, а како солисти настапија нашата сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција.

Изведбата на градниозното дело до Карл Орф се одржа во Концертната сала во Солун, со почеток во 21 часот.

Ова е втора изведба на „Кармина Бурана“, по премиерата во Софија во февруари, која беше проследена со овации од публиката.

„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музичко-сценски дела кое има статус на музички „бестселер“ на 20 век. Со своето извонредно влијание врз слушателите, „Кармина Бурана“ ги освои срцата на сите генерации. Композиторот Карл Орф го создаде ова иконично дело, инспирирано од средновековната поетска антологија „Codex Buranus“.

Премиерата во 1937 година во Германија предизвика сензација и го означи почетокот на светскиот триумф на оваа кантата. „Кармина Бурана“ во себе обединува антички текстови, волшебни мелодии и моќни ритми. Вклучувајќи хор, солисти, богата оркестрација и сценско дејство, делото раскажува за кревкоста на човечката судбина, за радостите на пролетта, за бурните љубовни страсти и за задоволствата кои ги носи животот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Speysd (Анастазија Голчева) со нов видео спот за песната „Нов ден”

Speysd, независен артист активен на алтернативната музичка сцена, на 31 мај ја издаде новата песна …

error: Содржината е заштитена!