Приказна во која тајните се скриени во секој здив на ветрот. Од понеделник до петок во 19 часот на Канал 5 – турската сапуница Заблуда.
Кога семејството Асланли, на подмолен начин, ја уништува честа и го одзема домот на семејството на Халил, тој се заколнува на одмазда. Со студена решителност, Халил креира стратегија за да ги урне своите непријатели и да го поврати она што им било неправедно одземено.
Додека планот на Халил се остварува и тој ја презема контролата врз имотот и богатството на Асланлиеви, сфаќа дека победата доаѓа со неочекувана цена. И покрај обидите да се спротивстави, Халил сè повеќе се вљубува во Зејнеп, ќерката на неговите непријатели.
Зејнеп е убава, храбра, борбена девојка која е длабоко поврзана за своето семејство. И покрај тоа што растела во раскош и хармонија, секогаш им помага на сите и несебично работи за да го зачува угледот на нејзиното семејство.
Секоја пресвртница на судбината ќе ги приближи еден кон друг, ставајќи ја на тест силата на нивната љубов што секојдневно ќе се разгорува пред лицето на заблудата.
Ќе успеат ли да ја надминат болката од старите гревови, или ќе останат само двајца љубовници фатени во мрежата на предавството и неправдата?
Дани | ТВ Пакет