Олга и Сергеј… Навидум среќни и исполнети. Брак во слога и хармонија, но животот без дете ќе ги натера да го прифатат она кое никогаш не го планираа…. Во нивниот живот се појавува Софија која треба на свет да го донесе нивното дете, но тајните чувства и неочекуваната страст, ќе ги отворат брачните рани и ќе ја разнишаат големата среќа…
Прва скопска телевизија продолжува да нуди премиерна сериска програма за своите гледачи. Следува “Крвави солзи”, уште една љубовна приказнa во 230 продолженија која ќе се емитува од понеделник до петок во 20 часот.
Сопружниците Олга и Сергеј Теркулов се сопственици на клиникаta „Надеж“ на брегот на еден мал приморски град. Медицината е нивна главна професија и на неа го посветиле целиот свој живот.
Во нивната институција им помагаат на идните мајки да забременат и успешно да го носат плодот на нероденото дете. Исто така, тие се занимаваат со третман на различни патологии кај доенчиња.
Ова семејство понекогаш презема толку сложени случаи што многу еминентни специјалисти дури ги одбиваат. Благодарение на нив, се родиле многу здрави деца, а многу семејства станале неизмерно среќни. Парадоксот лежи во тоа што тие самите двајца не можат да имаат дете – третата бременост на Олга завршува со спонтан абортус.
Во меѓувреме, Сергеј решава да ѝ помогне на самохраната мајка Софија, која го изгубила сопругот на море, така што ќе го излекува нејзиниот мал син Тарас. Таа со задоволство ја прифаќа оваа понуда и нејзиниот син е испратен на лекување во клиниката. На тој начин, Софија почнува да се зближува со Сергеj, но oд друга страна, среќата е на чекор да им се насмевне на Олга и Сергеј.
Тие наоѓаат малечко бебенце, оставено во клиниката и решаваат да го посвојат. Но, дента кога треба да се потпише документацијата, се појавуваат вистинските родители и си го земаат бебето. Во очај и разочараност, Олга и Сергеј сфаќаат дека нема надеж за нивната голема желба.
Тогаш, Софија им предлага таа да стане сурогат мајка за нив и со тоа да им помогне. Олга и Сергеј прифаќаат, но со текот на месеците, меѓу Сергеј и Софија се раѓа страстна привлечност што ги менува работите.
Дани | ТВ Пакет