Нејзиното враќање ќе ги изненади сите кои научиле да живеат поинаку… Нејзините знаења ќе ја водат кон успехот… кој ќе биде мета на потсмев, сомнеж и отфрлање…
Костимирана драма за борбата на една жена и за … љубовта, родена од оковите на строгите правила. Од понеделник до четврток на Прва Скопска ТВ во 22 часот (со реприза во 15.30 часот).
1895 година, Санкт Петербург. Анастасија Ардашникова, една од првите жени што добила диплома по право на факултетот во Париз, решава да се врати во својата родна Русија.
Анастасија има широко познавање на напредните методи на истрага, практично непознати во Русија. Таа е полна со надежи дека ќе стане криминолог.
Но, кога желбата и жарот ќе се соочат со средината во која доаѓа, за неа следува тешка битка за своите права… за својата иднина, како и за иднината на својот народ.
Многумина ќе сметаат дека тоа не е професија за жени, многумина ќе ја попречат, многумина ќе ја исмеат. Сепак, нашата хероина нема да се предаде туку така. Кога ќе се соочи со руската детективска полиција, Анастасија ќе открие колку нејзините сфаќања се далеку од реалноста во која се вратила.
Љубов, интриги и неверојатни истраги во срцето на големиот руски град. Нашите херои се во потрага по вистината во костимираната успешница од руска продукција.
Дани | ТВ Пакет