Почетна / Телевизија / Конституиран е новиот состав на Програмскиот совет на МРТ

Конституиран е новиот состав на Програмскиот совет на МРТ

Наседница на Програмскиот совет на МРТ, одржана на 9.7.2025, сите пристуни членови дадоа позитивно мислење за конституирање на програмскиот совет на МРТ. Седницата ја отвори Директорот на МРТ, Марјан Цветковски со пригодно добредојде на членовите на новиот Програмски совет на МРТ и им упати желби за успешна работа. По упатениот воведен збор, тој го прочита Дневниот ред за Седницата и претседавачкото место му го препушти на највозрасниот член на Програмскиот совет на МРТ – Миле Грозданоски, кој продолжи да ја води Седницата.

Покрај познатиот режисер и продуцент Гроздановски, во новиот состав на програмскиот совет на МРТ учествуваат и Лазо Трпков, Давор Пашоски, Марјан Велевски, Ивана Ефремовски, Билјана Бабиќ, Владимир Палашевски, Маја Седрак, Бурим Рамадани, Патриот Лумани, Музбајдин Ќамиљи, Баким Лачи и Томислав Кежаровски

Тимот на ТВ Пакет им посакува успешен почеток на мандатот и успешно реализирање на барањата на граѓаните и потребите за европски модерен национален телевизиски сервис.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За време на лето, српските телевизии емитуваат само премиери

За разлика од добар дел македонските телевизии, кои најголем дел од термините за време на …

error: Содржината е заштитена!