Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Концертите на К-15 и Бијело Дугме за новогодшната ноќ на Канал 5

Концертите на К-15 и Бијело Дугме за новогодшната ноќ на Канал 5

Новогодишната вечер на Канал 5 телевизија доживејте ја со музиката на познатото хумористично трио К15 и ју рок бендот Бијело Дугме. За разлика од другите телевизии кои како и секоја година одлучија за новогодишната ноќ да прикажуваат студиски новогодишни прослави, Канал 5 реши за нешто поинаква програмска шема.

Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров со ентузијазам оваа година прославија 30 години јубилеј од својата прва емисија, односно од почетокот на култното комично шоу со Миле Паника, Тошо Малерот, Цацко Конопишки и другите популарни ликови.

„Подготовките за скечевите нѐ потсетуваат на најубавите времиња кога бевме во полна творечка кондиција. Денес, врвната сценска техника, осветлување и видеобимови овозможуваат да се комбинираат содржините на видео со жив настап, збогатени со оркестарот на Џијан, а сето тоа Синиша како режисер ќе го искомбинира на најдобар начин.

Сепак, главен фокус ни е да се одржи оригиналноста и да се создаде свежина во скечевите, што не е лесна работа поради постоечките стандарди и очекувањата на публиката“, посочија од бендот пред концертот.

По ова телевизиско шоу, од 23 часот ќе се емитува концерт на најпознатиот ЈУ бенд Бијело Дугме.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов инфомагазин „Со факти!“ секоја среда на МРТ 1

Нов инфомагазин „Со факти!“ – секоја среда на МРТ 1 од 20:15 часот. Водител и …

error: Содржината е заштитена!