Почетна / Забава / Концерт на легендарните „Галија“ на 9 август во Охрид

Концерт на легендарните „Галија“ на 9 август во Охрид

На 9 август, еден од највлијателните рок бендови на овие простори, Галија, ќе одржи концерт во Охрид, на една од највпечатливите културни локации во регионот, Античкиот театар. Настанот, кој е во организација на Прагма продукција, претставува дел од летната концертна сезона што го привлекува вниманието на публиката од цела Македонија, па и пошироко.

Тешко е да се опише она што Галија претставува, затоа што не е само бенд, туку институција. Музички феномен што со децении опстојува без да прави компромис со сопствениот звук и стил. Малку се составите на овие простори кои можат да се пофалат со богата дискографија и, можеби најважно, настап во живо кој звучи моќно, прецизно и автентично, како најдобрите светски рок-групи.

Во Охрид, бендот ќе настапи со препознатливата енергија и репертоар кој вклучува безвременски композиции како: „Још увек сањам“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Трубе“… како и музиката од култниот филм Зона Замфирова, песни што одамна прераснаа во химни на една генерација.

Античкиот театар во Охрид, со својата импресивна историја е идеална сцена за концерт од ваков калибар. Простор каде што секоја нота се слуша посилно, а секој стих добива посебна тежина. Музика како таа на „Галија“ природно припаѓа во вакви простори, на место каде што публиката не е само присутна, туку целосно вклучена.

Ова нема да биде само уште еден концерт. Ова ќе биде ноќ што ќе ја паметите, со бенд што и по 45 години знае зошто публиката сè уште стои пред нив.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!