Црна Гора со популација од 600 илјади жители докажува како и со толку мала музичка сцена кога се сака се може и многу повеќе да се направи, потребно е само силна желба и упорност. Црна Гора на Евровизија отсекогаш имала слаб успех, дури влегувала во финале многу помалку од Македонија.

Нашите изведувачи се многу попознати во поранешна Југославија од нивните. Но, затоа по пауза од две години, Црна Гора се врати на Евровизија на голем начин. Откако паузираа во 2024 и 2025, решија да направат национален избор кој се вика Монтесонг. Лани иако не поминаа без скандали, сепак решија и оваа година да го продолжат со второто издание. Оваа година во Базел не влегоа повторно во финалето, но тоа не ги обесхрабри да направат ново издание на нивниот национален избор.

Дури ланскиот претставник под притисок на јавноста се повлече бидејќи имаше прекршено едно од правилата на ЕБУ, песната да не биде јавно изведена пред први септември тековната година, па така Нина Жижиќ беше претставник на Црна Гора. Исто како и минатата година, постојано се активни на нивните социјални мрежи па можете да видите сториња или постови од типот: “гледајте утре објавување на кандидатите кои ќе пејат на Монтесонг”, или “дознајте кога ќе се одржи Монтесонг” и последната објава беше, “дознајте кои стои зад песните кои ќе се натпреваруваат.”

На големо изнанедување на сите во авториските песни на повеќе тимови се странци. Па така преставничката од 2009 Андреа Демировиќ ќе пее песна на англиско-ирскиот тим Casey McQuillen и Aidan O’Connor, Đurđa со песната “Dominos” е дел од шведскиот авторски тим Melanie Wehbe која досега напишала песни за Данска и Шведска вкупно 4 пати, Patrik Jean кој напишал песни за шведскиот избор, David Lindgren Zacharias кој шест пати бил присутен на шведскиот избор Herman Gardarfve кој е победник на шведскиот избор, потоа песната “Shadows” на Tina Džankić е на композиторот David Hutchinson учесник на националниот избор во Малта и Niels Sakko композитор за Латвија и Малта. На крај уште еден странец, а тоа е всушност нашиот Дарко Димитров кој ја напишал песната на Lana Vukčević & Đorđe Savković, “Температура”.

Нормално кога нашите композитори не можат да пишуваат за Македонија се повеќе ќе пишуваат за другите земји во 2024 година негова песна ја претставуваше Грузија и влезе во големото финале. На почетокот на декември, сите 15 песни од „Монтесонг“ ќе бидат објавени на дигиталните музички платформи, неколку недели пред финалето на 21 декември. Финалето на „Монтесонг 2025“ ќе се одржи на 21 декември во студијата на RTCG во Подгорица. Резултатите ќе бидат одлучени од жири (50%) и гласање на публиката (50%). Меѓународните фанови ќе можат да гласаат за време на финалето, а приходите од гласањето ќе бидат префрлени на Фондацијата “Биди хуман”.

МРТ има комплетна понуда од нашиот Македонец Боби Андонов од песна до реализација, без финансиски трошоци за настап, но се уште се нема изјаснето за учество и веројатно повторно ќе отсуствуваме. Секоја година МРТ размислува на кој начин да се врати иако веќе ќе поминат четири години, но на малата Црна Гора и беа доволни само две години да се врати и да се зборува за нивниот избор меѓу обожавателите, а со присуството на странски композитори докажаа дека постои заинтересираност за волку мали земји и однадвор што е за секое поздравување. МРТ може да земе пример и од други помали држави и да реши дека конечно македонската музика треба да блесне на големата евровизиска сцена, музика на која сите од поранешна Југославија ни се воодушевуваа.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
