Покрај барањето на обожавателите, и покрај понудите од изведувачите, особено од Македонецот од Австралија Боби Андонов да земе учество на јубилејното 70-то издание на Евровизија во Виена, МРТ одлучила повторно четврта година по ред да не учествува на Евровизија. Според информацијата на Нова Македонија, тие добиле потврда дека МРТ нема намера да се врати на Евровизија во 2026 година. Го контактирале и Боби Андонов за неговиот план за претставување на Македонија и тој го истакнал следново:

“Да, информациите се точни. Мојот тим и јас доставивме детален предлог до МРТ пред неколку месеци, вклучувајќи стратегија, креативни концепти, буџетирање и потврдено меѓународно финансирање преку партнери како што е АПРА АМКОС (APRA AMCOS) во Австралија. Целта беше да се обезбеди учеството на Македонија на „Евровизија“ и да биде целосно финансирано и претставено на глобално ниво – без користење на национални средства. За жал, имаше одложување на реализацијата на оваа идеја и по се изгледа дека во 2026 година тоа нема да се случи.

Вистинскиот фокус ќе се стави на 2027 година. Планирам да дојдам во Македонија на почетокот на следната година за да се сретнам со поширокиот тим на МРТ и со владини претставници за да создадеме долгорочна стратегија. Многу сум возбуден за она што претстои и можноста што се отвора пред мене да ја донесам приказната за Македонија на меѓународна сцена. Моја цел отсекогаш била да создадам нешто со светска класа штоќе ми овозможи да ја претставува нашата земја со гордост. Јас не сакам по секоја цена да настапувам на „Евровизија“, желба ми е да фрлам вистински фокус на Македонија, во позитивна смислa”.

Останува нејасно зошто МРТ не ја прифатила понудата за наредната година, кога добиле целосен план и финансиска поддршка.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
