Не само хрватските, албанските, бугарките и српските телевизии. Дури и босанските телевизии изобилуваат со премиерна програма во сабота навечер.
Најголемата доверба гледачите од Босна и Херцеговина во сабота навечер ја даваат на “Ѕвездите на Гранд” на Нова БХ телевизија, а по завршеток на саботната епизода, Нова продолжува со премиерни филмски наслови.
Интересна е ситуацијата и на другите босански телевизии. Па така, гледачите на ОБН гледаат премиерни епизоди од турска серија и американски филмови, гледачите на Пинк БХ ја следат новата сезона од “Пинкове звезде”, а гледачите на Хајат уживаат со шоу во своја продукција, во историска драмска серија и премиерни филмски наслови.
Нема споредба со нашите телевизии. Освен премиерна филмска понуда на Телма и премиерна емисија од Ѕвездите на Гранд, другото се репризи. Сабота навечер, време кога семејството најчесто е дома покрај малите екрани, да не заборавиме.
Дани | ТВ Пакет