Почетна / Забава / „Голдберг варијациите“ на Бах во изведба на Дино Имери во Виена

„Голдберг варијациите“ на Бах во изведба на Дино Имери во Виена

Македонскиот пијанист Дино Имери, еден од највпечатливите уметници на својата генерација, на 13 јуни настапи во Виена – глобалниот и историски центар на класичната музика. На програмата беше капиталното дело на Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“, кое ретко се изведува на концертните сцени низ Европа, токму поради неговата исклучителна сложеност и длабочина.

Концертот се одржа во престижниот „Бехштајн Центрум“ во Виена, во организација на Амбасадата на Република Македонија, со поддршка од Македонско-австрискиот бизнис клуб и компанијата SSB Infrastructure-Austria.
Ова дело, коешто Имери премиерно го изведе во Скопје во рамки на „Недела на Бах“, привлече големо внимание од публиката и критиката. Програмата бара техничка виртуозност и уметничка зрелост, а само мал број пијанисти во светот се осмелуваат да го стават во својот концертен репертоар.

„Настап во Виена е сон на секој уметник. Особено ми е чест да ги изведам ‘Голдберг варијациите’ – едно од најмонументалните дела на класичната литература, на сцена пред публика која секојдневно слуша врвни уметници и програми. Работев на ова дело повеќе од пет години. Искрено им се заблагодарувам на Н.Е. г-дин Освит Росоклија и на поддржувачите на концертот – без нив оваа реализација немаше да биде можна“, изјави „волшебникот на пијаното“ Дино Имери пред настапот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рахмањинов во изведба на архитектот на пијаното – Дмитри Маслеев

„Високи вибрации“ е насловен концертот кој се одржа в четвртокот со почеток во 20 часот, …

error: Содржината е заштитена!