Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Фото | Нашиот Никола Станишиќ е победник на „Звездите на Гранд“

Фото | Нашиот Никола Станишиќ е победник на „Звездите на Гранд“

Никола Станишиќ од Македонија е победник на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2024 / 2025 година. Тој ја доби најголема поддршка од публиката ( 138.714 гласови) на големото финале кое се одржа вчеравечер во Белград.

Вкупно 20 кандидати влегоа во финалето на популарното натпреварување, а првите тројца финалисти беа: Зоран Ружиќ Ферари (трето место), Елвис Мешиновиќ (второ место) и нашиот Никола Станишиќ.

На финалната вечер, пак, тој ја пееше „Ако утре ме нема“ на дуото ДНК и ја посвети на жртвите од големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Инаку, покрај признание и статуетка, тој беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.

И благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка Цеца – кажа Никола на финалето од осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светските шоуа „Икс фактор“ и „Big brother“ со свои лиценци и во Албанија

Албанските телевизии неверојатно ја збогатија и подобрија својата програмска шема и продукција која веќе слободно …

error: Содржината е заштитена!