Почетна / МК Сцена / Енерџи Бенд со моќна порака: „Кажете им те сакам на сите што ви значат!“

Енерџи Бенд со моќна порака: „Кажете им те сакам на сите што ви значат!“

Маестралниот Ѓоко Јовиќ и момците од „Енерџи Бенд“ вчеравечер ја промовираа својата најнова авторска песна која го носи насловот „Те сакам“.
Имено, оваа балада е прва песна од серијалот нови песни на кои бендот неуморно работеше во изминатиов период. Зад неа како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува синот на Ѓоко, Михаил Јовиќ, додека видеото е снимено на неколку локации во нашата Македонија и Сиднеј, Австралија под режисерската палка на докажаните М16 продукција.

– Оваа песна им ја посветувам на сите заљубени, на сите кои имаат некој што им значи во животот, некој со кого сакаат да останат и во добро и во лошо. Пратете им ја и израдувајте им го срцето со неа, вели Ѓоко Јовиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влатко Лозаноски со голем концерт на 7 март во арена „Борис Трајковски“

Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. …

error: Содржината е заштитена!