Летно кино на МРТ 1. Секој ден во 21 часот.
Понеделник (18 август) во летното кино на МРТ ќе гледаме музичко-биографска драма во чиј центар е Брајан Вилсон, исклучителен музичар чија музика дефинираше цела генерација. Ќе го откриеме хаосот, лудилото и неверојатната приказна зад овој музички гениј.
Во вторник ќе следиме романтична комедија за девојката без самодоверба, а во среда – животна приказна по сценарио на познатиот британски автор Ник Хорнби („Висока верност“, „За едно момче“), каде оскаровката Ема Томпсон, Оливија Вилијамс, Кери Малиган, Питер Сарсгард и Алфред Молина се појавуваат во главните улоги.
Дани | ТВ Пакет