Од октомври на програмата на Пинк телевизија се враќа музичкото талент шоу “Ѕвездите на Пинк”.
Конкурентното шоу на Гранд во моментов е во преговори со звучни имиња кои треба да седнат на црвените столчиња од жири комисијата.
Потврдени членови на жирито на музичкото натпреварување се контроверзниот Десингерица и познатиот Драган Стојковиќ Босанац, кој го напушти Гранд.
Покрај овие две официјални имиња, во моментов српските медиуми шпекулираат дека во жирито на Пинк ќе се најдат и пејачките Зорица Брунцлиќ, Теа Таировиќ и Гога Секулиќ.
За потсетување, Пинк звезде се емитуваше во Македонија на Сител и Алфа телевизија. Дали новата сезона од шоуто ќе започне повторно на една македонска национална телевизија од есен, останете со нас и очекувајте информации наскоро.
Дани | ТВ Пакет