Почетна / Серии / „Демоните на Да Винчи“, историска фантазија секоја ноќ на малите екрани

„Демоните на Да Винчи“, историска фантазија секоја ноќ на малите екрани

Во добропознатиот полноќен термин, од понеделник до петок, веднаш по трилер драмата “Пресуда”, ја гледате новата британско американска серија Демоните на Да Винчи.

Историска серија од продукцијата на BBC, базирана на животот на големиот уметник Леонардо да Винчи за време на ренесансата во Италија. Снимена е во Велс, а дистрибуирана е низ 120 земји ширум светот.

Да Винчи е претставен како ексцентричен гениј кој се бори со своите внатрешни демони и несоборлива имагинација, додека длабоко во себе копнее по прифаќање од својот отуѓен татко. Тој полека се вплеткува во политички интриги за контрола врз Фиренца, откривајќи шпион кој протекува информации до Католичката црква и семејството Паци.

Во меѓувреме, да Винчи започнува афера со Лукреција Донати, љубовницата на Лоренцо де Медичи.

Овие настани се случуваат паралелно и со потрагата на Леонардо по “Книгата на лисјата”, воден од мистицизмот дека откако ќе ја пронајде оваа книга, ќе може не само да ја види, туку и да ја обликува иднината.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа и Телма останаа без серии – единствени во цел регион

Алфа телевизија веќе неколку години не емитува странски играни серии во својата програма, нешто што …

error: Содржината е заштитена!