Почетна / Серии / Британската трилер серија „Крв” репризно на Телма телевизија

Британската трилер серија „Крв” репризно на Телма телевизија

Kет Хоган е девојка во бегство од своето минато, со кое е принудена да се соочи кога нејзината болна мајка ненадејно ќе почине. Тоа ја враќа во малото место каде што сите имаат некаква длабоко закопана тајна и каде се соочува со своето семејството кое се обидува да го избегне повеќе од една деценија.

Иако за смртта на мајка ѝ сите веруваат дека е несреќа, Кет не е убедена во тоа и се сомнева дека нејзиниот татко, почитуван лекар во малиот ирски град, крие нешто и на некој начин е виновен за нејзината смрт.

Репризно на Телма, британско-ирската психолошка крими драма “Крв”, снимена во две сезони. Од понеделник до четврток во 23.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа и Телма останаа без серии – единствени во цел регион

Алфа телевизија веќе неколку години не емитува странски играни серии во својата програма, нешто што …

error: Содржината е заштитена!