Почетна / МК Сцена / Антонио Тасевски ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија

Антонио Тасевски ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија

Младиот и амбициозен пејач кој балканската јавност викендов ќе го запознае преку малите екрани како учесник во големото регионално музичко шоу „Пинкови ѕвезди“, Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд. Топло добредојде бендот му посака на Антонио и преку официјалните профили на социјалните мрежи.
Антонио Тасевски, новиот вокал во ДАКАПО Бенд! Неговата харизма, моќен вокал и сценска енергија внесуваат нов дух во Дакапо, а ние со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа магија со вас на следните настапи! Добредојде Антонио, стои на официјалниот профил на бендот на Инстаграм.

Тасевски долги години живееше и работеше во Америка, но оваа година одлучи со своето семејство да се врати во родната земја и токму тука да ја гради својата музичка кариера.
Дакапо Бенд е еден од нашите најактивни музички состави, покрај Антонио како нов вокал, членови на бендот се и Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Илија Мицев (труба).

Eден од неговите настапи може да ги погледнете на следниов линк.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја посвети песната „Ведро е“ на својот внук

Нова свежина и позитивна енергија на македонската музичка сцена донесе Тамара Волческа со најновиот сингл …

error: Содржината е заштитена!