Почетна / Серии / Американската крими драма „Алиенист“ во 22.15 часот на Телма

Американската крими драма „Алиенист“ во 22.15 часот на Телма

„Алиенист“ започнува кога низа морничави убиства на момчиња проститутки го зафаќа Њујорк. Новоназначениот полициски комесар Теодор Рузвелт ги повикува криминолошкиот психолог д-р Ласло Крајцлер и илустраторот на весници Џон Мур да ја спроведат истрагата во тајност.

Ним им се придружува Сара Хауард, тврдоглава секретарка, решена да стане првата жена-полициски детектив во градот.

Користејќи ги новите дисциплини на психологијата и техниките за рана форензичка истрага, оваа група социјални аутсајдери тргнува да го пронајде и уапси еден од првите сериски убијци во Њујорк.

Во мрачна атмосфера на корупција, тајни и опсесии, „Алиенист“ е психолошки трилер што ја истражува границата меѓу разумот и лудилото, науката и злото. Од понеделник до четврток во 22 и 15 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Норвешката трилер серија за „Клиниката Валкира“ репризно на Телма

Хирургот Равн Ајкангер станува бесен кога неговите претпоставени не му дозволуваат да тестира експериментални медицински …

error: Содржината е заштитена!