Почетна / Забава / Евровизија / Хрватска на Евровизија

Хрватска на Евровизија

22/43

 ХРВАТСКА

Изведувач: Nina Badrić
Песна: ‘Nebo’
2 Полуфинале (24/05/2012)

 

По минатогодишниот неуспех, Хрватска годинава се обиде да го следи примерот од нејзините соседи, и да прати еден од своите најуспешни музичари на Евровизија. Не можеа подобар избор да направат од Нина Бадриќ, но сепак не можеа пак и да не направат грешка. Нина за својa песна ја избра „Небо“ од нејзиниот најнов истоимен албум. Но, според мене, а и според многу други, таа направи погрешен избор. Едноставно годинава Евровизија е полна со балади, а нејзината балада е една од послабите, и се губи покрај сите тие. Доброто е што таа ја остави на хрватски јазик, лошото е што најновата верзија е уште полоша од претходната. Мојот избор за неа беше „Dat ce nam Bog“, предобра песна која верувам дека добро ќе котираше во ова полуфинале. Инаку тие песната ја претставија на 8-ми февруари, едно прекрасно шоу каде што само Нина беше центарот на вниманието. Како нејзини гости се појавија и Калиопи, Хари Мата Хари, Маја Сар и други. Што се однесува до влезот во Финале, навистина мислам дека ништо не е сигурно, бидејќи имаат ужасен број на настапување, меѓу Словенија и Шведска, две песни кои мислам дека ќе привлечат поголемо внимание, и едноставно песната на Нина ќе се изгуби меѓу нив.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!