Почетна / Забава / Евровизија / „Хајвеј“, бендот од Икс фактор, ќе пее за Црна Гора на Евровизија

„Хајвеј“, бендот од Икс фактор, ќе пее за Црна Гора на Евровизија

 

Дали рок песна е “вистинската работа” за Црна Гора?

Црна Гора на Евровизија како независна држава дебитираше во 2007 година, а во 2014 беше нивното прво квалификување во финале со Сергеј Четковиќ, а од тогаш два пати се дел од завршницата откако минатата година Кнез заврши на тринаесето место во финале.

 

 

Во 2010 и 2011 не беа дел од Евровизија поради финансиски проблеми на јавниот сервис. Од 2009 година па наваму РТЦГ своите претставници ги избира преку интерна селекција. На 1 октомври минатата година тие го потврдија своето учество. Песната The Real Thing беше претставена на 4 март во специјалното шоу емитувано на Радиотелевизија Црна Гора, U susret Eurosongu.

 

Highway e црногорски бенд кој постои од минатата година, а беше формиран за втората сезона на X Factor Adria каде што завршија на четвртото место. Бендот е составен од пејачот Петар Тошиќ, гитаристите и бек-вокалите Марко Пешиќ и Лука Војводиќ и Бојан Јововиќ чие учество ова ќе биде второ на Евровизија откако во 2005 настапуваше за Србија и Црна Гора со бендот No Name и нумерата Zauvjek moja.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!