Почетна / Забава / Евровизија / Финалистите од првото евровизиско полуфинале!

Финалистите од првото евровизиско полуфинале!

Милиони телевизиски гледачи ширум Европа вечерва со големо внимание го следеа првото полуфинале од 57-то издание на големиот фестивал „Евровизија“. Азербејџан ја одушеви публиката, се течеше во најдобар ред, спектаклот започна, а ова е само почеток на се она што следува. Само 10 од 18-те земји учеснички успеаја да земат „билет“ за финалната евровизиска вечер, а тоа се: Романија, Молдавија, Исланд, Унгарија, Данска, Албанија, Кипар, Грција, Русија и Ирска.

Швајцарија, Црна Гора, Израел, Латвија, Сан Марино и Австрија се „несреќните“ земји што оваа вечер ќе си заминат дома без право да учествуваат на големото финале. Најголемо изненадување за сите е тоа што во десетката не се најде извонредната изведба на Швајцарија. Да се надеваме дека во четврток Македонија нема да се соочи со уште еден евровизиски пораз. 

 

Личност на вечерта | Бабушка

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!